Монако го „преживеа“ Истанбул – Ќе се игра мајсторка!

Кошаркарите на Монако славеа со 62-65 на гостувањето против Фенербахче во Истанбул во четвртиот меѓусебен натпревар, израмнувајќи на 2-2 во четвртфиналната серија од Евролигата.

Ќе биде тоа трета мајсторка која ќе се гледа во четвртфиналето сезонава. Само мадридски Реал досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петти меч ќе играат и Барселона – Олимпијакос и Панатинаикос – Макаби Тел Авив.

Мајк Џејмс беше еден од хероите на победата со тројката која на постигна на 51 секунда пред крајот за водство на гостите од 57-61.

Окобо со 13 поени беше најефикасен во редовите на Монако, а Џејмс заврши со 10 поени. Кај Фенербахче се издвои Гудуриќ со 14 постигнати поени.

Се вчитува...