Монако лесно со Дижон, „покер“ за три бода… (видео)

Монако ја запиша и третата едноподруго победа во најсилната француска лига триумфирајќи со 4-0 (1-0) во првиот натпревар од 26. коло против Дижон.

Монако без поголеми проблеми славеше со 4-0 против Дижон, со головите на Кеита во 13. минута, Фабињо од пенал во 69. минута од натпреварот, Рони Лопез во 88. минута и Камил Глик во 93. минута…


По овој триумф, Монако со 56 бода се зацврсти на втората позиција од табелата. На врвот е ПСЖ со 65 бода, додека на третата позиција Олимпик Марсеј со 52 бода, но и двата тима имаат натпревар помалку од Монако.

Се вчитува...