Монако одбил рекорден трансфер за Мбапе во Реал Мадрид

Новиот француски шампион Монако нема намера да го продаде својот нов фудбалски дијамант, Килијан Мбапе, ниту за огромни пари. На адресата на „кнезовите“ пристигнала понуда од Реал Мадрид вредна фантастични 120 милиони евра, но раководството на клубот ја одбило оваа понуда. Монако сака да му понуди нов договор на талентираниот напаѓач и да го задржи во своите редови најмалку уште една сезона, за настапот во Лигата на шампионите.

Флорентино Перез го очекуваат избори за да ја задржи претседателската функција во Реал Мадрид, па ова лето сака да купи најмалку две мегаѕвезди. Едната е речиси сигурна и се работи за шпанскиот репрезентативец, голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, но, сепак, напаѓачите секогаш се најатрактивни, а „кралевите“ се восхитени од можностите на младиот француски напаѓач Мбапе. Голема улога во овој евентуален трансфер треба да одигра и Зинедин Зидан, кој е легенда на францускиот фудбал и сигурно дека би можел да го убеди Мбапе да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...