Монако продава уште еден играч, Бакајоко ќе биде првото засилување на Челси

Трансферот на Тимуе Бакајоко во Челси е во завршна фаза, откако Монако прифати 42 милиони фунти, а фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со „сините“ од Лондон. Антонио Конте го добива првото од шестте планирани засилувања за следната сезона.

Доаѓањето на 22-годишниот Французин значи дека Јунајтед може да се обиде да го договори Немања Матиќ, кој очигледно ќе има помала минутажа доколку остане, со оглед на конкуренцијата во средниот ред. Бакајоко беше мета и на Мурињо, но на Португалецот повеќе му одговара ангажман на Матиќ отколку на фудбалерот на Монако, имајќи ја во предвид поранешната соработка токму во Челси.

Поранешниот играч на Рен беше меѓу најважните играчи на Монако во трката за титулата во француското првенство, а сега ќе биде вториот фудбалер кој го напушта „Луј Втори“, откако Манчестер сити го договори Бернардо Силва. Бенџамин Менди и Фабињо се следните играчи кои се очекува да го напуштат шампионот на Франција. Менди наводно веќе се договорил со Сити за сума од 40 милиони фунти, но се уште нема потврда, додека за Фабињо се уште се борат Јунајтед, Арсенал, Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ.

Се вчитува...