Монако со десетмина направи супер-пресврт против Лион

Монако успеа да слави важен триумф (3-2) против Лион во дерби – натпреварот од францускиот шампионат, и тоа остварен со играч помалку на теренот. Со супер-пресврт, откако Лион поведе со 0-2, „кнезовите“ стигнаа до победа која ги искачи на третата позиција на табелата со 50 бода.

Лион со головите на Маријано Дијаз и на Траоре поведе со 0-2 по само 27 минути игра. Но, Кеита Балде и Фалкао возвратија со два погодоци уште во првото полувреме. На самиот истек на првиот дел, Кеита Балде заработи втор жолт картон и беше исклучен, но и тоа не ги поколеба „кнезовите“ да се обидат да стигнат до триумф.

Во 88.минута Рони Лопез постигна победнички погодок за Монако, за голема радост во Монте Карло.

Се вчитува...