Монако со победа си ја заокружи титулата, реми на ПСЖ

Монако со победа од 2-3 на гостувањето против Рен во последното коло си ја заокружи шампионската титула сезонава во Франција.

Откако од претходно веќе си го обезбедија трофејот, фудбалерите на Монако без поголеми проблеми стигнаа до финалната победа во првенството против Рен. Фабињо, Џемерсон и Жорге беа стрелци на головите за Монако.

All Goals & Highlights HD – Rennes 2-3 AS… by arcturusmedia33

Вицешампионот ПСЖ, пак, во последното коло од францускиот шампионат ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Каен.

На третата позиција во Франција заврши Ница, која ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Ница во последното коло ремизираше (3-3) со Лион, кој пак на четвртото место, следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.

Од лигата испаднаа Нанси и Бастија, додека Лориен ќе игра бараж за опстанок во елитната конкуренција.

Се вчитува...