Монако среде Белград славеше над Црвена Звезда

Кошаркарите на Монако стигнаа до првата победа сезонава во Евролигата откако вечерва славеа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда со 76-82.

Белграѓани одлично го отворија натпреварот, посебно во фазата на одбрана. На гостите од кнежевството им дозволија само четиринаесет поени во првиот период по кој имаа предност од плус девет (23-14). Гостите заиграа подобро во втората четвртина во која успеаја да намалат дел од негативата и на пауза да заминат со резултат (44-38).

Гостите добрата игра во втората четвртина ја продолжија во третиот период во кој успеаја да стигнат до целосен пресврт и во последниот период да влезат со минимална предност од 63-64. „Црвено-белите“ тотално се распаднаа во последниот период што Монако го искористи на најдобар можен начин за конечен триумф од 76-82.

Mајк Џејмс со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Гедритис.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...