Монако покажува сериозен интерес за напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Францускиот клуб го гледа искусниот белгиски голгетер како една од главните опции во нападот, особено во случај на заминување на Фоларин Балогун. Според информациите, трансфер во вредност од околу 10 милиони евра би можел да биде реална опција поради затегнатите односи меѓу Лукаку и раководството на Наполи.
За услугите на 33-годишниот напаѓач интерес покажуваат и Атланта Јунајтед од МЛС лигата, како и турскиот Трабзонспор, но самиот фудбалер преферира да ја продолжи кариерата во Европа.
Лукаку зад себе има тешка сезона исполнета со проблеми со повреди, во која одигра само 64 минути на седум натпревари. Сепак, на Светското првенство тој остави подобар впечаток во дресот на Белгија, постигнувајќи три гола и запишувајќи една асистенција на шест настапи.
Монако се надева дека искуството и голгетерските способности на Лукаку ќе бидат клучни во борбата за највисоки позиции во францускиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
