Монако три седмици без најголемата „ѕвезда“

Екипата на Монако во следните дваесетина дена ќе биде без помоошта на Радамел Фалкао, по повредата што колумбискиот ас ја заработи на дуелот против Лион.

Одличниот голгетер, кој сезонава веќе има 23 погодоци зад своето име, во првото полувреме се запиша меѓу стрелците, но во вториот дел се пожали на болка во ногата и мораше да биде заменет.

Дееталните прегледи покажаа мало кинење на мускулните влакна, по што на Фалкао му е препорачано мирување од терените во следните три седмици. Монако моментно се наоѓа на третото емсто во францускиот шампионат со вкупно 50 освоени бодови, а во следното коло „кнезовите“ му гостуваат на тимот на Амиен.

Се вчитува...