Мончи „мерка“ играч на Барселона

Спортскиот директор на Рома, Рамон Вердехо Мончи, се интересира за бекот на Барселона, Алеиш Видал. Рома ќе се обиде да го доведе во јануарскиот преоден рок, како замена за повредениот Карсдорп. Фудбалскиот „мозок“ за трансфери соработуваше со Видал за време на неговиот едногодишен престој во Севилја, од каде Барса го ангажираше за 17 милиони евра.

Иако од раководството на каталонскиот гигант не очекуваат понуда која ќе биде еднаква на сумата за кој Видал пристигна на „Камп Ноу“, фудбалерот има дозвола да си замине од клубот. Покрај Рома, интерес има и од други клубови, а и Севилја има намера да го врати во своите редови.

28-годишниот десен бек сезонава настапи само на пет натпревари во домашното првенство, во првиот состав се најде на три меча, додека се уште нема одиграно натпревар до последната минута.

Се вчитува...