Мончи: Нозете ми се тресеа кога му реков на Тоти да се пензионира

Рома го доведе Шпанецот Мончи од Севилја за свој директор со јасна цел, клубот да направи чекор напред во својот развој. Одличниот оперативец го прифати големиот предизвик, а според неговите зборови најтешко од се му било да му соопшти на Франческо Тоти дека клубот нема да смета на неговите играчки услуги, туку му понудил директорска функција во клубот.

Само што дојдов во Рома, а за задача имав да му кажам на Тоти дека најдобро ќе биде да се пензионира. Признавам, имав трема бидејќи е тешко тоа да му го кажеш на било кој игра, а камоли на големиот Франческо Тоти. Нозете ми се тресеа кога му го кажував ставот на клубот, но мислам дека Франческо многу ме цени поради фактот што го гледав во очи и му го кажав тоа. Тоа беше клучно за да го поставиме нашиот однос на здрави нозе“ – изјави Мончи.

Се вчитува...