Спортскиот директор на Рома, Мончи, со години наназад со голем успех ја извршуваше функцијата во Севилја, па кога му се укажа можност му направи услуга на својот поранешен клуб. Французинот Максим Гоналон наредната сезона ќе ја мине во Севилја, откако Рома од неколкуте понуди ја прифати токму онаа на шпанскиот прволигаш. Поранешниот фудбалер на Лион заминува во Андалузија на едногодишна позајмица, по што Севилја ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор со Рома.
Претходно, Рома и Севилја остварија добра соработка и со трансферот на Стивен Нзонзи, кој за 26 милиони евра се пресели на „Олимпико“.
Трансферот на Гоналон значи и откажување на Севилја од трката по Маркизио, кој според последните информации се наоѓа најблизу до трансфер во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА