Францускиот тенисер Гаел Монфилс приреди големо изненадување во третото коло на мастерсот во Индијан Велс победувајќи го најдобриот светски тенисер, Данил Медведев. Монфилс до триумфот дојде по два часа и седум минути и тоа со 4-6,6-3,6-1.
Првиот сет беше решен во деветтиот гем кога Медведев ја искористи првата брејк топка и потоа со сигурен сервис дојде до 4-6 и водство од 0-1 во сетови.
Во вториот сет, Монфилс беше подобар тенисер, во првиот гем не успеа да искористи брејк топка, но пропуштеното го надополни во четвриот гем кога поведе со 3:1. Медведев експресно направи ри-брејк, но
Французинот во осмиот гем повторно прави брејк кој го потврди со сигурен сервис и тоа значеше израмнување на 1:1 во сетови.
Во третиот сет, Монфилс целосно доминираше, имаше 75 отсто успешност на прв сервис, имаше 42 отсто упешни ретерни на сервис на Медведев и со три брејка ја потврди победата над првиот носител на Индијан Велс.
Следен противник на Монфилс во Индијан Велс ќе му биде Шпанецот Карлос Алкараз кој му дозволи на Баутиста Агут да освои само два гема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА