Монпелје без проблеми против Елверум, Веспрем влегува во резултатска криза, реми на Мешков Брест и Загреб

Монпелје се искачи на врвот на табелата во групата „А“ откако славеше на гостувањето кај Елверум со убедливи 30-37. Гостите ја опрадваа фаворитската улога и ја најавија победата уште по првите 30. минути во кои имаат предност од 15-20, а во второто полувреме со добрата игра разликата беше зголемена.

Веспрем пак влезе во серија на порази откако по Динамо Букурешт овој пат загуби и на гостувањето кај Мотор со 29-27. Домаќините стекнаа блага предност уште на самото отварање на натпреварот која умешно ја одржуваа до крајот на мечот, одолеаја на налетот на унгарскиот тим и стигнаа до третата победа во Лигата на Шампионите.

Денисов и Хориха беа најдобри стрелци кај Мотор со по шест гола, а најдобар стрелец кај Веспрем беше Мае со шест погодоци. Голманите Комок од ендата и Коралес од другата страна запишаа по 13 одбрани.

Мешков Брест и ППД Загреб пак ги поделија бодовите откако ремизираа со 30-30. Хрватскиот тим на полувремето имаше предност од два гола (13-15), но домаќините на средината на вторите 30. минути заиграа на повисоко ниво во одбраната и успеаја да го превземат водството. До крајот на натпреварот следеше изедначена игра во која гостите шест пати имаа предност од еден гол, но белорускиот тим не дозволи гостинска победа.

Кашпарек со шест и Шумак со пет гола беа предводници на домаќините, додека Чупиќ запиша седум гола, а голманот Мандиќ 13 одбрани за гостите.

Се вчитува...