Монпелје во вторитот дел го урна отпорот на ППД Загреб

Францускиот Монпелје славеше на гостувањето кај ППД Загреб со 22-25 во шестото коло од новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Домаќините имаа сила само за едно полувреме, кое го одиграа феноменално и на пауза заминаа со предност од 13-12.

Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во вториот дел во кој Французите на хрватскиот шампион му дозволија само девет гола и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 22-25.

 

Се вчитува...