Монструозен чин: НБА кошаркар брутално ја претепал својата девојка, а сето тоа го снимил (ВИДЕО)

Монструозен чин ја шокираше спортската јавност откако одекна веста дека американскиот кошаркар Дариус Морис брутално ја претепал својата девојка Кристин Еванџелин, а сето тоа било и снимено со камера.

Медиумите од САД пренесуваат дека стравичниот инцидент се случил пред една година, кога несреќната девојка пријавила во полиција, но потоа се предомислила и одбила да сведочи. На социјалните мрежи дури сега се појави видео-снимка на која може да се види како Морис буквално ја „убива од ќотек“, како и фотографии од нејзиното лице по монтруозниот чин.

Зад Морис е солидна НБА-кариера со настап за ЛА Лејкерс во периодот помеѓу 2011 и 2013 година, играше и за Филаделфија, ЛА Клиперс, Бруклин и за Мемфис. Минатата сезона беше член на рускиот тим Енисеј.

 

Се вчитува...