Монтела: Дадов се од себе, но не успеав

Винченцо Монтела од денеска веќе не е тренер на Милан, на клупата на „росонерите“ ќе го замени Џенаро Гатузо, кој досега работеше во младинската академија на клубот од „Сан Сиро“. И покрј големите засилувања што ги доби во летниот преоден рок, Монтела не успеа да создаде тим што ќе се наметне во Серија А.

„Напуштањето на Милан навистина многу боли. Но, мора да се прифати реалноста, дека не успеавме да ги исполниме целите на клубот. Дадов се од себе за тимот да бележи напредок, но ја прифаќам одлуката на раководството без никаков коментар. Сакам да се заблагодарам на фудбалерите и навивачите за сите убави моменти што ги споделивме заедно додека бев во Милан и секогаш ќе го поддржувам овој клуб“, истакна Винченцо Монтела на Инстаграм.

Се вчитува...