Монтела: Како да го сопреме Санчез? Треба да го убиеме…

Севилја ќе го пречека Манчестер јунајтед во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а тренерот Винченцо Монтела има интересен план како да го сопре опасниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Алексис Санчез.

„Како да го сопреме Санчез? Треба да го убиеме, или во најмала мера да го нокаутираме пред натпреварот“, истакна во шега Винченцо Монтела на прес – конференцијата. А, потоа и го пофали Чилеанецот…

„Го знам многу добро Алексис ушт од периодот кога играше во Италија. Секако, многу напредуваше и сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тој е брз, постојано го менува местото на теренот, сака да ја има топката и конкретен е кон противничкиот гол. Но, Манчестер јунајтед не е само Алексис Санчез, и затоа нема да посветуваме премногу внимание на него. Ќе се обидеме тимски да му се спротивставиме на англискиот тим“, изјави Монтела.

Се вчитува...