Милан е најактивниот клуб во фудбалска Европа во текот на денешниот ден. „Росонерите“ утрово го официјализираа доаѓањето на дефанзивецот Матео Мусакио од Вилјареал, на лекарски прегледи во Милано пристигна Франк Кеси од Аталанта, за попладнево да стигне и веста околу тренерската позиција, поточно укажаната доверба кон актуелниот тренер Винченцо Монтела, кој потпиша нов договор.
Кинеските газди на клубот му укажаа доверба на Монтела, наградувајќи го со договор до 2019 година и желба овој клуб што поскоро да се приближи до врвот на италијанскиот фудбал. Иако ланската сезона не ги донесе очекуваните резултати, новите газди веруваат дека со доведување на уште неколку врвни засилувања Милан повторно ќе го врати своето реноме во Серија А.
За очекување е Монтела да добие и околу 120 милиони евра за ангажман на нови фудбалери, а на листата со желби се наоѓаат Алваро Мората од Реал Мадрид, Рикардо Родригез од Волфсбург и Лукас Билја од Лацио, кои заедно со Мусакио и Кеси треба да создадат далеку посилен тим за битка за место во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА