Moнтела: Одличен натпревар, ја видовме вистинската Шкендија

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела истакна дека е среќен со минималниот триумф над Шкендија. Монтела вели дека вечерва сите ја видоа екипата од Тетово во вистинско светло, а ги пофали и навивачите на клубот, кои направија одлична атмосфера на „Телеком арената“.

„Многу сум среќен што победивме денеска, бидејќи се соочивме со вистинската Шкендија. Шкендија го совлада шампионот на Македонија, тимот на Вардар, така што знаевме дека вечерва ќе биде тешко. И двете екипи одиграа квалитетен натпревар, полн со шанси, иако резултатот го говори спротивното. Шкендија беше на своето ниво, очекувавме да играат за гол. За навивачите на Шкендија имам само убави зборови, атмосферата вечерва беше прекрасна. На тактички план не сум задоволен, пробував да експериментирам со нова формација, ја подготвуваме цела недела, но сметам дека последните тројца позади мораа да бидат постабилни и поконкретни во своите одлуки“, изјави Монтела.

Се вчитува...