Монтела: Се разбудивме токму пред Јувентус

Милан конечно оствари убедлив триумф и потсети дека оваа сезона има тим за високи дострели, откако синоќа славеше против Киево на гости со 1-4. Тренерот Винченцо Монтела е задоволен од изданието на своите фудбалери и вели дека сега треба да ја потврдат добрата форма и на дербито со Јувентус претстојниот викенд.

„Се разбудивме токму пред Јувентус. Ова е триумф заслужен со тимска игра, и верувам дека ќе продолжиме така и на наредните натпревари. Сега не очекува големо дерби и оваа победа нема да биде толку вредна, ако не ја надградиме со добра игра и добар резултат и против Јувентус. Се уште правиме грешки, но треба да се трудиме да не бидат кобни и да ги правиме што е можно помалку“, изјави Монтела по триумфот против Киево.

Се вчитува...