Монтереј го освои петото место на Светското клупско првенство

Шампионот на Северна и средна Америка, Монтереј е освојувач на петото место на Светското клупско фудбалско првенство кое се игра во Абу Даби, Обединетите арапски емирати. Во натпреварот за петото место мексиканскиот тим беше подобар од еден од домаќините, Ал Џазира со 3-0.

Уште во 4. минута со автоголот на Ал Зааби. Во 11. веќе беше 2-0 откако Фунес Мори го совлада голманот на тимот од Обединетите Арапски Емирати, а до крајот на полувремето Мексиканците стигнаа и до 3-0 со голот на Монтес во 25. минута.

Во вториот дел Ал Џазира успеа само да го ублажи поразот со голот на Бруно во 91. минута. Денеска од 17.30 во второто полуфинале ќе се сретнат Ал Хилал и Челси, а победникот во финалето ќе игра против бразилскиот Палмеирас.

 

Се вчитува...