Монца го задржа тренерот и покрај интересот од Марсеј и Јувентус

Тренерот на Монца, Рафаелe Паладино го продолжи договорот со клубот до 2024 година. Тимот имаше тешка  задача поради фактот што за него имаше интерес од Олимпик Марсеј и од Јувентус, меѓутоа на крајот се реши да остане во тимот.

 Паладино дојде од младинскиот тим на Монца, и направи голем успех откако успеа да обезбеди опстанокот со тимот во првата сезона во Серија „А“. Тимот бележеше неколку добри резултати, меѓу кои и победи над Наполи, Јувентус во Торино и на домашен терен, Интер на „Џузепе Меаца“…

Паладино беше назначен за тренер во септември 2022 година, и тоа на своето деби го совлада Јувентус со 1-0. Ја доби и наградата за најдобар тренер за април 2023 година.

Се вчитува...