Монца ја совлада Болоња и најави „напад“ на Европа (ВИДЕО)

Екипата на Монца продолжува со добрите резултати во Серија „А“ со кои тимот сега се најде во горниот дел на табелата, и најавува атак на местата кои носат излез во Европа.

Екипата попладнево ја совлада Болоња и тоа на нејзин терен со минимални 0-1, и така стигна до 29. бод, колку што има и нивниот денешен ривал.

Монца со оваа победа, сега е осум меча во Серија „А“ без ниту еден пораз. Тимот пред две кола успеа да го совлада тимот на Јувентус, а претходно одигра нерешено со Интер.

Се вчитува...