„Монца мора да ја подобри патеката или нема да биде дел од Ф1“

Монца, една од најпознатите патеки во караванот во Формула 1, ќе мора да го подобри квалитетот на патеката или можеби нема да биде дел од престижното натпреварување во наредните години.

Ова го соопшти Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1…

„Тоа што го договоривме мора да се спроведе. Патеката мора да биде многу поудобна и за возачите и за гледачите. Разбирам дека има економска и политичка криза, но заради безбедност не смееме да правиме компромиси“, рече Доменикали.

Патеката Монца викендов ќе ја прослави својата 100-годишнина.

Се вчитува...