Искусниот напаѓач Кеита Балде, ја засили екипата на Монца, во обид да и помогне на екипата да дојде до невозможното – до опстанокот во Серија „А“.
Овој играч во минатото играше за младинските селекции на Барселона, а потоа беше во Лацио, Монако, Интер, Сампдорија, Каљари, од каде отиде во Спартак Москва, па потоа една сезона мина и во Сиваспор, од каде се враќа во Италија.
Балде за Сенегал има одиграно 40 меча, и има постигнато шест голови. Монца е на последното место со 13 бодови, или осум бодови под местото кое носи опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА