Морант проговори прв пат по скандалот: Не сум алкохоличар, но работам на себе, ќе бидам подобар

Џа Морант се врати на тренинзите на Мемфис по скандалот со кој се најде во центарот на вниманието откако по натпреварот против Денвер мавташе со пиштол во еден ноќен клуб, а сето тоа го објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Пред тоа беше обвинет дека претепал тинејџер и му се заканувал со пиштол па доби суспензија од осум натпревари од НБА лигата, а и Мемфис го острани од тимот на неодредено време.

Дваесетитригодишникот кој помина 11 дена во центар за советување во Флорида за прв пат проговоре и за медиумите.

„Времето го искористив за да се подобрам, да најдам ментална стабилност. Бев таму две недели, но тоа не значи дека процесот е завршен. Ќе продолжам да работам на себе. Никогаш не сум имал проблем со алкохол. Во Флорида бев за да научам како да се соочувам со стресот, да најдам подобар начин за тоа бидејќи стариот ме доведе во проблеми.

Очигледно направив грешки кои доведоа до многу негативности. И тоа не само на себе, туку и на мојата фамилија, мојот тим, организацијата. Жалам за тоа. Морам да бидам попаметен од тука па натаму. Не е лесно да бидеш во моите патики, но прифаќам одговорност“, вели Морант.

Се вчитува...