Мората емотивен: Не можам да стојам на нозе, овој гол е за сопругата и за моите деца

Алваро Мората со денови беше критикуван поради слабите игри во дресот на Шпанија на овој европски шампионат, а на негова адреса пристигнаа смртни закани за голгетерот на Јувентус и за неговото најблиско семејство.

Селекторот Луис Енрике сепак му укажа доверба повторно вклучувајќи го во стартниот тим, а Мората одговори на најдобар можен начин, постигнувајќи еврогол за водство од 4-3 во продолженијата аод двапати по 15 минути.

„Покажавме дека сме голема репрезентација, што знае да собере сила и да одигра најдобро кога е најважно. Навистина, преживеав тешки моменти во последните денови, но ми беше полесно бидејќи знам дека голем дел од Шпанците ми даваат поддршка. Овој гол беше за мојата сопруга, за моите деца, за сите луѓе кои ме поддржуваат. Преморен сум, не можам да стојам на нозе, едвај чекам да влезам во соблекувалната и да ставам мраз“, изјави Мората.

Се вчитува...