Мората ги „поздрави“ Мурињо и Јунајтед

Англискиот првак Челси го доби големото дерби против Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“ со 1-0, со голот на Алваро Мората постигнат во 55.минута. Тој упати одличен удар со глава по центаршутот на Апиликуета и ја закова топката зад грбот на Давид Де Хеа.

Претходно, Бакајоко имаше убава шанса да го отвори резултатот, но не беше прецизен, а Манчестер јунајтед тргна во офанзива дури по примениот гол. Рашфорд шутираше за малку крај голот, а Тибо Куртоа го одбрани ударот на Маруан Фелаини.

Се вчитува...