Мората: Јувентус е мојот тим во Италија

Атлетико Мадрид го пречекува Јувентус во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а тоа ќе значи и соочување на Алваро Мората со својот поранешен клуб. Тој го носеше дресот на италијанскиот калчолигаш во периодот од 2014 до 2016 година, освои две „скудета“ и играше во финалето на ЛШ. Но, вечерва на „Ванда Метрополитано“ ќе биде на спротивната страна и нема да му биде сеедно поради тоа, порача дека нема да слави доколку постигне гол.

„Фокусирани сме единствено да одиграме добар натпревар. Јувентус е голем клуб, тоа е мојот тим во Италија и нема да славам доколку постигнам гол. Но, тоа би бил и мојот прв погодок за Атлетико Мадрид, што секако многу ќе ми значи. Нема да биде воопшто лесно, но тоа е јасно, сепак сме веќе во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Ги познавам многу добро фудбалерите на Јувентус, со голем дел од нив бев и соиграч, сега го имаат и Кристијано Роналдо во составот и секако заслужуваат почит“, изјави Алваро Мората.

 

 

Се вчитува...