Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората, по четири години, повторно се враќа во дресот на Јувентус. Шпанецот доцна синоќа пристигна во Торино пред денешниот потпис на договорот со „Старата дама“.
Италијанскиот шампион беше заинтересиран за ангажман на Един Џеко или Луис Суарез, но на крајот изборот падна на Мората, кој првата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид, а веќе во јуни 2021 Јувентус ќе може да го откупи за 45 милиони евра.
? Ciao @AlvaroMorata! ❤️ pic.twitter.com/fTgGqQOzyD
— JuventusFC (@juventusfc) September 21, 2020
Мората беше во Јувентус во периодот од 2014 до 2016 година кога стигна и до две титули во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА