„Морати ми дојде со 250 милиони евра за Меси…“

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, и официјално ја потврди кандидатурата да се врати на чело на каталонскиот гигант. Лапорта, кој беше претседател од 2003 до 2010 година, важи за еден од најсериозните конкуренти во трката за наследник на Бартомеу.

Токму за време на неговите мандати Лео Меси прерасна во фудбалска суперѕвезда, а Лапорта во интервју за шпанските медиуми обелодени дека во 2006 година Интер покажал огромен интерес за да го доведе Аргентинецот во своите редови.

„Во 2006 година имаше интересна случка, кога Морати дојде кај мене со 250 милиони евра. Желбата беше и повеќе од јасна, да го донесе Меси во Интер, но без размислување го одбив. Се уште му го паметам погледот кога го слушна мојот одговор, беше убеден дека со тие пари ќе успее да го купи Меси“, истакна Лапорта.

Се вчитува...