Може ли да играме фудбал со маски, прашаа фудбалерите на Пескара

Фудбалот во Серија А е речиси парализиран, а фудбалерите бараат воопшто да не играат во ситуација кога Италија се бори со коронавирусот. Силна порака испратија фудбалерите на Пескара на синоќешниот меч од втората по ранг лига во италијанскиот фудбал. Тие истрчаа со маски за заштита од коронавирусот.

Не им беше дозволено да ги носат за време на натпреварот, но јасно е дека професионалните фудбалери негодуваат на одлуката за одигрување на натпреварите без присуство на публика. Пескара загуби на гостувањето кај лидерот Беневенто со 4-0.

Се вчитува...