Може ли Вардар да направи сензација и против шампионот?

Денеска во 13 часот во Струга се игра заостанатиот натпревар од 5. коло во ПМФЛ. Струга ТЛ го пречекува тимот на Вардар, кој е во одлична форма со две победи по ред за надеж дека може да дојде до опстанокот. Но, сега следува исклучително тешка задача против актуелниот првак.

Струга ТЛ ќе бара рехабилитација за поразот од Гостивар, а воедно да се доближи до водечките Шкупи и Шкендија кои во моментов „бегаат“ четири бода.

„Овој натпревар го чекаме целосно подготвени. Сите сме фокусирани на победа и освојување 3 бода, иако знаеме дека нема да биде лесно. Ќе биде тежок натпревар. Го анализиравме противникот. Тренерите ни ги дадоа потребните информации за противникот и верувам дека ако ја завршиме работата што се бара од нас, во рамките на зелениот терен и ако секој од нас го даде најдоброто од себе, тогаш верувам дека ќе биде во наша корист – рече Хадис Таири.

Вардар има две победи по ред, и така ги оживеа шансите за опстанок, иако пред две кола беше речиси „отпишан“ со само пет бода на своето конто. Меѓутоа сега се доближи до останатите ривали, и се врати во игра за останување во „елитата“. И покрај добрата форма, Вардар денеска е аутсајдер на гостувањето кај првакот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...