Можеби е до тренерот: Ѓоковиќ маестрален на стартот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ конечно одигра еден меч на своето препознатливо ниво, означувајќи го стартот на сезоната на земјена подлога со убедлива победа над сонародникот Душан Лајовиќ со 6-0, 6-1. По бројните слаби игри и проблемите со повредите, Србинот се реши да ја прекине соработката со Андре Агаси и со Радек Штепанек, а враќањето на тренинзи крај стариот тренер Вајда дефинитивно вродува со плод, барем на почетокот од овој Мастерс-турнир.

Ѓоковиќ денеска делуваше маестрално, целосно доминирајќи на теренот, па за помалку од еден час игра осигурувајќи си го пласманот во следната рунда.

Таму Србинот ќе го очекува пресметка со Хрватот Борна Чориќ, кој денеска славеше убедливо над Бенето од Франција со 6-2, 6-3.

Се вчитува...