Долг е списокот на клубови кои во своите редови сакаат да го видат Милош Теодосиќ. Но, сосема извесно неговата судбина ќе биде позната по завршувањето на обврските со репрезентацијата на Србија.
Еден од клубовите кои силно е заинтересиран за Теодосиќ е Олимпијакос за кого и претходно играше. Грците интензивно пишуваат дека веќе е испратена сериозна финансиска понуда од Олимпијакос за српскиот кошаркар. Виртус, чиј тренер е Александар Ѓорѓевиќ, е најблиску до неговиот потпис но и Олимпијакос ја чека својата шанса.
Ако се знае дека Олимпијакос сака од следната сезона да игра и во АБА лигата испраќајќи веќе барање за тоа, постои сериозност и Теодосиќ да биде дел од регионалното натпреварување.
Макаби, ЦСКА и Ефес исто така се клубови кои претходно се поврзуваа со Теодосиќ откако тој расчисти со ЛА Клиперс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА