Mozzart дава најголеми квоти на свет за Франкфурт и Бреша

Патот до победата е полесен со најголемите квоти во светот. Обложувалниците на Mozzart и денес ви помагаат, нудејќи две квоти кои во секое време ќе бидат најголеми во светот. Ова се кецови на Ајнтрахт Франкфурт против Ренџерс во финалето на Лига Европа и на Бреша против Монца во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот на италијанската Серија Б.

АЈНТРАТ ФРАНКФУРТ – РЕНЏЕРС (СРЕДА, 21.00 ч.), кец 2.45

Битка за трофејот и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Севиља со денови е под опсада на навивачите на Ајнтрахт и Ренџерс. Двата тима се малку неочекувани во борбата за пехарот во второто по ранг натпреварување. Полицајците од Глазгов беа кобни за Црвена звезда во осминафиналето, додека Ајнтрахт ја исфрли Барселона. Српскиот репрезентативец Филип Костиќ ќе биде надежта на Ајнтрахт. Добрата игра во срцето на Андалузија може да му донесе голем трансфер ова лето. Тимот од Франкфурт разочара во Бундеслигата, но доколку слави на стадионот Санчез Писхуан ќе избори директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Ренџерс не ја одбрани титулата во Шкотска. Селтик беше подобар. Избраниците на Џовани ван Бронкхорст во џебот ги имаат квалификациите за европската елита, но со триумф би обезбедиле групна фаза. Германскиот тим не може да смета на повредените Мартин Хинтерегер и Динт Рамај, додека шкотскиот великан има повеќе проблеми. Најдобриот фудбалер од претходните години, Колумбиецот Алфредо Морелос не игра поради повреда. Во аут се и Романецот Јанис Хаџи, Швеѓанецот Филип Холандер и Нигериецот Намди Офорбох. Овие тимови никогаш досега не се сретнале во меѓународни купови.

БРЕША – МОНЦА (СРЕДА, 20.00 ч.), КЕЦ 2.25

Се бара третиот патник во Серија А. Директен пласман изборија Лече и Кремонезе, а во тек е плеј-офот во Серија Б. Во првиот полуфинален натпревар Бреша ја пречекува Монца, тим во сопственост на Силвио Берлускони, поранешниот шеф на Милан. Бреша мораше да игра во четвртфиналето и по продолженијата ја победи Перуџа со 3:2. Монца како четвртопласирана беше слободна во првото коло од плеј-офот. Во лигашкиот дел од Серија Б поуспешна беше Монца. На гости славеше со 2:0, додека на нејзиниот стадион немаше победник – 1:1. Бреша во текот на првенството го замени легендарниот Филип Пипо Инзаги, кога на негово место дојде искусниот Еугенио Корини. Во четири од последните пет натпревари на овие екипи типот беше 2-3.

Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.

Се вчитува...