Директорот на болницата, д-р Ален Георгијев: Оваа помош е многу значајна за нас бидејќи ни помогаат во оној дел каде што имаме највеќе потреба, а тоа е во делот на антикоагулантната терапија која што е исклучително значајна за сите пациенти кои што се лекуваат од корона.
Лекови кои се исклучително потребни на секоја болница во борбата против корона вирусот, медицински материјал и опрема, се составен дел од донацијата што компанијата Mozzart ја додели во Клиничката болница во Штип. Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, со денешната донација во штипската болница ја продолжи својата кампања „Да бидеме општествено одговорни“ и преку конкретна поддршка на здравствените установи уште еднаш ја потврди својата силна фокусираност и посветеност за солидарност, хуманост и одговорност.
“Сакам да се заблагодарам на компанијата Mozzart за оваа донација, бидејќи во ова време невреме со корона вирусот со кој се бориме повеќе од 14 месеци секоја помош е добредојдена. Ова помош е многу значајна за нас бидејќи ни помогаат во оној дел каде што имаме највеќе потреба а тоа е во делот на антикоагулантната терапија која што е исклучително значајна за сите пациенти кои што се лекуваат од корона, потоа во делот на моновети кои што ги користиме за испитување на крв и во делот на регулаторите или фолуметрите кои што ги користиме за достава на кислород до пациентите на кои што им е тоа потребно. Од пред еден месец имаме модуларна болница во која што сме на централен довод на кислород и со оваа донација успеавме комплетно да ги задоволиме потребите за опремување на болницата и непречено одвивање на процесот на лекување на пациентите со корона. Ова е веќе втор пат од компанијата Mozzart да добиеме сериозна помош, прв пат минатата година добивме финансиска помош од 5.000 евра, а еве и оваа година повторно добиваме огромна помош која навистина ни значи.“ – истакна директорот на штипската клиничка болница, д-р Ален Георгијев.
Лекарите и медицинскиот персонал од секоја болница се најголемите и вистински победници во оваа борба против пандемијата. Нивното знаење, вложениот труд, посветеноста и макотрпноста, демонстрирани во целиот изминат период, претставуваат најдобар и најголем пример за истрајност, издржливост и бескомпромисност.
“Клиничката болница во Штип претставува најзначајна здравствена установа во целиот источен регион, и токму затоа, во рамки на нашата кампања „Да бидеме општествено одговорни“, сме тука да им се заблагодариме за сѐ што прават за сите нас и да им помогнеме во нивната макотрпна работа преку донирање на лекови кои се исклучително потребни на секоја болница во борбата против пандемијата и медицински материјал и опрема за што ќе имаат посебна намена во целосното опремување на новоотворената модуларна болница. Се надеваме дека оваа донација ќе значи олеснување на работата во болницата во Штип и помош за многу граѓани кои се лекуваат.” – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.
Од самиот почеток на пандемијата, регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, во здравствените установи во државата реализираше голем број на различни донации, финансии и материјални добра кои значат директна поддршка за здравствениот систем, медицинскиот кадар и граѓаните во различни региони. Од компанијата најавуваат дека со кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ продолжуваат и во следниот период преку конкретна демонстрација на солидарност, хуманост и одговорна поддршка онаму каде што е најпотребно.
KT
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА