Мрме ја менува формацијата: Со 3-5-2 против Словенија, без Трајковски во нападот

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски со една измена во стартниот состав, во однос на натпреварот против Летонија, ќе и се спротистави на Словенија вечерва од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Ангеловски се одлучи во формација 3-5-2 да им се спротистави на Словенците со тоа што во последната тројка дефанзивци сега, покрај Дарко Велковски и Висар Муслиу влегува и Егзон Бејтулаи. Во средниот ред на крилните позиции ќе бидат Езгијан Алиоски по левата и Стефан Ристовски по десната страна, а на средина Барди, Николов и Елиф Елмас кој сега е стартер на местото на Ферхан Хасани.

Од офанзивната линија отпадна Александар Трајковски, а во Љубљана вечерва наша ударна напаѓачка двојка ќе биде капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски.

Се вчитува...