Мрме со истите сили против Лихтенштајн и Гибралтар: Велкоски ново име, се враќа Илиев

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го објави списокот репрезентативци за последните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн и Гибралтар.

На списокот на Ангеловски единствено ново име е офанзивецот на Сараево, Крсте Велковски а во репрезентацијата се враќа и голманот на лондонски Арсенал, Дени Илиев. Во селекцијата очекувано е и Иван Тричковски кој ги пропушти поради повреда претходните два натпревари.

Ангеловски повика 21 фудбалер со тоа што, Езгјан Алиоски и Елиф Елмас, поради жолти картони, немаат право за настап против Лихтенштајн а на нив ќе се смета единствено за дуелот против Гибралтар. Дуелот со Лихтенштајн на гости се игра на 16. ноември, а пресметката со Гибралтар во Скопје се игра на 19. ноември.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕСМЕТКИТЕ СО ЛИХТЕНШТАЈН И СО ГИБРАЛТАР…

Се вчитува...