Мрме знае како против Грузија: Играат многу широко, тоа е нашата шанса

Игор Ангеловски имаше доволно време да ја анализира играта на Грузија и да го најде рецептот со кој нашите фудбалери вечерва би дошле до триумф и би обезбедиле историски пласман на еден европски шампионат.

Според македонскиот селектор, клучни ќе бидат две работи, пресинг врз противничките дефанзивци и нашата креативност во половината на Грузија.

„Најважно ќе биде да изврши притисок врз нивните дефанзивци, да можат да играат од позадина и да се додаваат со играчите со врска. Доколку ги исфрлаат топките долго кон нашата половина, тоа е наша шанса да дојдеме до тие топки и да искреираме нешто. Исто така, забележливо е дека Грузија игра многу широко, остава простор меѓу своите линии. Тука сме ние најдобри, ги имаме Елиф и Горан, таа топка треба да стигне до нив и да ја нападнеме нивната одбранбена линија“, анализира Ангеловски.

Се вчитува...