Мршиќ е нов селектор на Хрватска

Вељко Мршиќ и официјално е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Хрватска. Од Кошаркарскиот сојуз на Хрватска одлучено е Мршиќ да биде наследникот на Дражен Анзуловиќ и да го води националниот тим во квалификациите за ЕП 2010 но и на можниот квалификациски турнир за ЛОИ во Токио.

48-годишниот Мршиќ е 12-от селектор на Хрватска од нејзината независност. За негово официјализирање се очекуваше изминатиов период дозвола од претседателот на Цедевита, Емил Тедески во чиј клуб досега беше спортски директор.

Од 2017 година, Вељко Мршиќ е трет селектор на Хрватска по Ивица Скелин и Дражен Анзуловиќ.

Се вчитува...