Мрзеливите „ѓаволи“ со најмала километража во Премиер – лигата

Манчестер јунајтед сезонава е тимот што трча најмалку во Премиер – лигата. Иако тоа е видливо и со ’голо око’, сепак, го потврдуваат и статистичките показатели. Жозе Мурињо не може да биде задоволен од овој податок, бидејќи тој секогаш бара неговите играчи да се трудат, да дадат се’ од себе, да покриваат голем дел од теренот. Но, нападот е делот во кој играчите на Јунајтед не трчаат доволно, бидејќи португалскиот стратег секогаш оди на сигурна карта, полека да се креира игра и да се чека вистинска шанса, нешто што играчите во текот на сезонава често го правеа, но и не го искористуваа на најдобар начин.

На листата на најмногу истрчани километри по клуб, највисоко се наоѓа Ливерпул со вкупно 4.203 километри, додека Барнли е на второто место со респектабилни 4.083 километри, познато е дека Шон Дајк инсистира неговите играчи да покриваат голем дел од теренот.

Актуелниот лидер на табелата, Челси е на долниот дел од листата, односно на 14. место со 3.844 километри, додека актуелниот англиски шампион, Лестер се едно место подолу со 3.800 километри, а листата ја завршува Јунајтед со истрчани 3.708 километри.

Дури екипите кои се борат за опстанок или веќе се математички исфрлени од лигата, имаат подобра статистика од ѕвездите на тимот од „Олд трафорд“. Мурињо сигурно нема да биде задоволен од овој податок, па во иднина се очекува повеќе користење на нозете, отколку телефоните и социјалните мрежи.PL-distance-covered

Се вчитува...