МТК Будимпешта го промовираше Бојан Миовски (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски беше промовиран во нов фудбалер на МТК Будимпешта. Миовски во клубот кој се врати во елитниот унгарски шампионат премина од редовите на Ренова каде настапуваше изминатата сезона.

„Потписот со МТК е голем чекор во мојата кариера. Најдобра се снаоѓам во шпицот на нападот, но можам да одговорам на барањата на неколку позиции. Се надевам дека ќе постигнам барем 15 гола во новата сезона“, изјави Миовски. 

Покрај, Ренова Миовски ги бранеше и боите на Македонија ЃП, Работнички, и Брегалница.

 

Се вчитува...