Му го донесе трофејот на Сенегал, па Мане се збогуваше од репрезентацијата

Напаѓачот на Сенегал, Садио Мане потврди дека се повлекува од националниот тим, само еден ден откако неговата селекција го освои трофејот во Африканскиот Куп на Нации.

Сенегал во финалето го совлада Мароко со 1-0 со гол во првото продолжение, откако во финишот Мароко промаши пенал, односно голманот Менду ја одбрани „паненката“ на Дијаз.

Инаку Сенегалците сакаа да го напуштат теренот, но Мане ги враќаше на теренот, а потоа неговата селекција стигна до големиот трофеј.

„Мислам дека го кажав ова и претходно, но ќе го кажам и сега. Тука престанувам. Мислам дека можеме да сметаме на следната генерација. Тие ќе се справат со својата задача, а јас ќе бидам секогаш нивен 12-ти играч“, рече Мане.

Се вчитува...