Муамед Сејдини избран за нов претседател на ФФМ, со мандат до 2025 година!

Како што можеше и да се очекува, Муамед Сејдини е избран за старо-нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, сега со мандат до 2025 година.

По претходните две години на чело на ФФМ, Сејдини ја доби поддршката од 52 присутни делегати, од вкупно 96, на денешното Изборно собрание на федерацијата.

Сејдини, претходно, ја доби поддршката и од УЕФА, преку својот преставник во Скопје, Зоран Лаковиќ, и од ФИФА, преку претседателот Џани Инфантино кој имаше видео-обраќање до делагатите.

Но, Собранието на ФФМ не го признава Агенцијата за млади и спорт која вчера испрати соопштение дека нема да ги признае резултатите од истите поради неусогласеност на Статутот на ФФМ со Законот за спорт. Сепак, на Изборното собрание на ФФМ беше присутен заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт, Авни Рустеми кој по изборот му честиташе на Сејдини на новиот мандат. На Собранието беше присутен и генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, Сашо Поповски.

Сeјдини e избран со нов мандат на чело на ФФМ како предлог на ОФС Кичево, а го подржаа уште 20 општински фудбалски сојузи од вкупно 26 колку што се членки на Собранието на ФФМ. На Собранието свои делегати, поради несогласување со досегашното раководство на ФФМ, немаа од општинските фудбалски сојузи од Струмица, Кочани, Тетово… Како што е познато, свој револт од начинот на кој се води Фудбалската федерација на Македонија под водство на Сејдини изминатиов период искажа и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој побара и заминување на ова раководство на ФФМ.

Се вчитува...