Муарем промовиран во Гостивар

Искусниот Муарем Муарем е нов член на второлигашот Гостивар. Последен клуб му беше Брегалница, од каде замина по завршувањето на полусезоната.

Муарем е екс македонски репрезентативец, а настапуваше долги години и во странство. Играше за Ордуспор, Карабах, Ескишехирспор, па повторно за Карабах, па во Актобе, Фламуртари. Од македонските клубови играше за Работнички, Тетекс, Шкупи и Брегалница.

Гостивар со него добива звучно име со кое ќе атакува кон горниот дел на табелата во пролетниот дел. Во моментов Гостивар има 17 бодови и се наоѓа на шестото место, и далеку зад водечките три тима.

Се вчитува...