Мугуруза тргна победнички во одбрана на титулата на Вимблдон

Гарбине Мугурза тргна победнички во првото коло од Вимблдон, славејќи со 2-0 во сетови над Наоми Брејди, за стартна победа при одбраната на ланската титула на британскиот гранслем турнир. Шпанката делуваше импресивно во првиот сет, лесно добивајќи го со 6-2, за потоа Брејди да заигра подобро во вториот сет. Британката сепак направи низа грешки кога беше најзначајно, па Мугуруза го доби и вториот сет, овојпат со 7-5, за лесен пласман во следната рунда од Вимблдон.

На машкиот дел од турнирот Хуан Мартин дел Потро лесно го совлада Гојовчик од Полска со 6-3, 6-4, 6-4, додека Нишикори загуби еден сет во победата над Американецот Харисон.

Пласман во следното коло обезбеди и Џумхур од БиХ, совладувајќи го Германецот Мартерер со максимални 3-0, а ветеранот Фелицијано Лопез го почна својот настап на Вимблдон со рутинска победа од 6-3, 6-4, 6-2 над Делбонис.

Се вчитува...