Мукаетов: Повеќе би ми значел медал на Македонија отколку учество на РК Алкалоид на Ф4 во Келн

Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, јасно стави до знаење дека компанијата Алкалоид паралелно со инвестицијата во новиот клуб ќе продолжи и со вложувањата во „куќата на ракометот“.

Тој уште еднаш потенцираше дека приоритет на клубот е работа и напредок на младите играчи и дека воопшто не гледа судир на интереси како претседател на федерација и прв човек на компанија што е спонзор на клуб.

„Сметам дека јас лично, како бизнисмен низ годините, но и како претседател на федерацијата, досега покажав дека секогаш настојувам на неутралност и на тоа сите да имаат еднакви шанси. Затоа и решивме клубот да почне од Првата лига, да расте природно преку правилна работа. Она што јас го сакам е овој проект да се развива за добро на македонскиот ракомет, слободно можам да кажам дека многу повеќе би ми значело да создадеме квалитетна база и за одреден период репрезентацијата на Македонија да освои медал, отколку РК Алкалоид да се најде на Ф4 турнирот во Келн“, истакна Мукаетов на денешната прес-конференција.

Се вчитува...