Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, кога нема сме „мајмуни“

Германскиот младински репрезентативец и член на Борусија Дортмунд Јусуф Мукоко го осуди расистичкото насилство упатено кон него и неговиот соиграч Нганкам преку социјалните мрежи по двата промашени пенали во синоќешното реми 1-1 против Израел на Европското првенство за играчи до 21 година.

Тој е лут бидејќи кога ќе победат сите ги слават како Германци, но кога ќе загубат тие се „мајмуни“.

„Ако победиме, сите сме Германци. Кога губиме, има коментари дека сме мајмуни. Нганкам ги доби, јас ги добив. Вакви работи едноставно не се дел од фудбалот“, изјави 18-годишниот Мукоко, кој е роден во Камерун.

Во одбрана на своите играчи застана и селекторот на Германија, Антонио Ди Салво.

„Мора да има казна. Ова е апсурдно. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, кои се Германци, кои даваат се за земјата. Секаков вид на расизам и дискриминација воопшто не е прифатливо“, заклучи Ди Салво.

Се вчитува...